16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Левица во герила акција на Могилата на непобедените (ВИДЕО)

Активистите на Левица при чествувањето на  80 години од народното востание на меморијалниот комплекс „Могила на непобедените“во Прилеп со герила акција  го попречија движењето на државните делегации при положувањето  цвеќе во меморијалниот комплекс.

Од стартот на полагањето на цвеќе на делегациите присутни на Могилата на непобедените во Прилеп активистите на Левица стоеја во центарот на комплексот, и беа заобиколувани од делегациите.

Носителот на советничката листа на Левица од Прилеп Иван Јованоски при положувањето на цвеќе со премиерот Зоран Заев разменија „дијалог“. Активистите на Левица реагираа и при интонирањето на државната химна бидејќи била најавена како химна на Република Северна Македонија. Според нив, химната е на Република Македонија.

 

https://www.facebook.com/LevicaPrilep/videos/1572605346433396

 

Би можело да ве интересира

На територија на СВР Битола санкционирани близу 100 возачи за сообраќајни прекршоци

Планиран прекин на електрична енергија во повеќе населени места општина Долнени

Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе