24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп – празнување на 11 ти Октомври!

Венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот-херој Прилеп, положи делегација на Владата предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во рамките на чествувањата на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание .

Владината делегација се поклони и положи венци свежо цвеќе на спомениците на народните херои Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и на споменикот „Жена борец“, по што ја посети Алејата на народните херои за да им оддаде почит на жртвите во народно-ослободителната војна од Прилеп, град кој даде 650 жртви и се гордее со 15 народни херои и 154 носители на признанието „Партизанска споменица 1941“.

Венци свежо цвеќе на споменичните места од народно-ослободителната војна денеска положија и други делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство.

Државната програма за одбележување на 11 Октомври продолжи на „Могилата на непобедените“ каде делегацијата на Владата ја предводеше премиерот Зоран Заев кој заедно со другите делегации, гости и граѓаните од Прилеп и од државата.  Во рамките на празничната програма свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

 

Би можело да ве интересира

Во наредните денови прекин на струјата во неколку села во Прилеп и индустриска зона Металец

Пела Редакција

Посебен режим на сообраќај за Илинден кон Крушево

Советот на Општина Прилеп ја одржа 50 тата редовна, а втора онлајн седница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе