7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Петкоски:СДСМ за време на владеењето недомаќински потрошиле милионски суми народни пари

На прес конференција денеска Влатко Петкоски, кандидат за советник за Прилеп од ВМРО ДПМНЕ , ја обвини партијата СДСМ дека во нивниот 4 годишен мандат потрошиле милионски суми народни пари од кои граѓаните не виделе никаков бенефит, и како што рече  податоците „би требало да побудат голем интерес кај истражните органи“ :

„ За РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА градоначалникот потрошил 14.800.000 денари од кои само за 2019 и 2020 во ек на пандемија потрошил 5.100.000 денари или околу 80.000 евра народни пари. Очигледно, а и добро познато во Прилеп е дека и досегашниот, а и овој од СДСМ кој сега претендира за градоначалник се големи гурмани и добро се гоштевале на сметка на народот во време кога голем број Прилепчани останаа без работа и ги затворија сопствените бизниси.

За ПОПРАВКА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА, потрошиле 6.000.000 денари или 98.000 евра во период од 4 години а само за 2020 година Јованоски потрошил 40.000 евра. За тоа како и за какви поправки се потрошиле баснословни 40000 евра среде Ковид пандемија и намален обем на работа на општински служби, веруваме дека освен народот ќе бидат многу заинтересирани и надлежните истражни органи.

За ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА во општина Прилеп потрошени се фрапантни 800.000 ЕВРА, за вдомување на нестручни партиски војници и послушници кои со ништо не придонесоа кон работата на локалната самоуправа чиј учинок во изминатите 4 години е катастрофален. Дали сега истите со своите привремени работни места се уценувани да го поддржат Сугарески?

За ГОРИВО ЗА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА потрошени се вкупно 100.000 евра од кои само во време на Ковид пандемијата кога и локалната самоуправа работеше со прекини само, за набавка на гориво за службени возила се потрошиле преку 40.000 евра.

Функционерите на СДСМ во Локалната самоуправа,си делеле секоја година најскапи модели на мобилни телефони, а Ајфон најнови модели добивале и дел од привремено вработените во општината, а само за промена на екран на службен мобилен телефон плаќале и по 18.000 денари.

Но… За разлика од астрономските суми за гоштевање, СДСМ биле прилично скромни за поддршка на урбанизмот па за изработка на урбанистички планови од општинската каса издвоил само 12.000.000 денари или 20.000 евра. Очигледно урбанистичкиот развој на општината и поддршката на локалниот бизнис сектор не му биле во фокусот на работа како што не му се и на кандидатот за градоначалник Горан Сугарески кој не е со ништо поразличен, рече Петкоски, кандидат за советник за Прилеп од ВМРО ДПМНЕ .

https://www.facebook.com/okprilep/videos/417668463222719

Би можело да ве интересира

Лашкоска: Кога имаше можност најмногу да му помогне на Прилеп, Сугарески ја направи најголемата штета

Гордана Цветаноска

Носителот на кандидатската листа за советници на Прилеп од Левица на распит во полиција

Гордана Цветаноска

Гласањето ќе продолжи и по 19 часот, ако е потребно, вели Даштевски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе