11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Носителот на кандидатската листа за советници на Прилеп од Левица на распит во полиција

„Во Полициска станица Прилеп денеска повикан е И.Ј. (32) од Прилеп врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопшти МВР.

Тој е повикан поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата“, стои во полицискиот билтен.

Јованоски беше во групата на 11-те мина кои беа присутни и размени „дијалог“ со премиерот Зоран Заев, во криптата на комплексот на Могилата на непобедените за време на полагањето цвеќе по повод празникот 11-ти Октомври.

Реакција на социјалните мрежи за повикот на распит во полиција на Јованоски денеска имаше и пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев кој меѓу другото напиша:

„Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа Иван Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од историјата, денеска е повикан на распит во полициска станица!? Говорете ми нежно за „турнав режим со пенкало“.

Би можело да ве интересира

Заев од Прилеп: Пораките се примени и ќе коригираме се’

Гордана Цветаноска

Грашеска Илиеска: Ребалансот на општинскиот буџет го открива лицемерието на локалната власт

Пела Редакција

Во трка за власт – прилепска Пелагонија има 19 кандидати за градоначалници и 33 советнички листи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе