16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ДЕСПИНА СО СИЛЕН ЗАЛЕТ: 2 КОЛА – 6 БОДА

И, вториот натпревар од новото првенство на Првата женска лига прилепска Деспина го доби убедливо. На теренот со вештачка трева во Прилеп – со 5:1 совладана е кумановска Речица. Иако, со голот на Маја Стојановиќ поведоа гостинките, натаму се тресеше само нивната мрежа.

Три гола даде Теодора Јанковска, по еден Јана Чубриноска и Катерина Милеска.

Прилепскиот тим е во силен залет, имајќи предвид дека и во претходното коло победи, на гости во Битола со 6:3 над Атлетико. Така, на табелата Деспина е во водечкото трио, со тетовски Љуботен и струмичка Тиверија, сите со по 6 бода.

Во следното 3. коло е гостувањето на Скопје.

Би можело да ве интересира

На Градски утре “премиера” на Победа

ФУДБАЛ, А ПАДНАА 14 ГОЛА!

Се подготува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе