7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Илиеска: СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав

Моника Грашеска Илиеска носител на кандидатска листа за советници за Прилеп од СДСМ, денеска со изјава за јавноста:

„На неколку денови пред денот на гласањето, учесниците во изборниот процес повлекуваат линија и ги сведуваат сметките од изборната кампања. Како носителка на кандидатската листа, со гордост можам да истакнам дека СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав.

Од една страна е искуството, од друга младоста. Комбинација на искусни луѓе, докажани во својата област, и млади, вредни и мотивирани, спремни да го дадат најдоброто од себе, за најдоброто за сите. Не’ има од сите возрасти, од најразлични професии. Имаме листа во која мнозинството од 27-те кандидати се жени, што со сигурност значи успех. Меѓутоа првенствено имаме листа од луѓе кои си го сакаат својот град, си ја сакаат својата општина. Луѓе кои ги знаат приоритетите и потребите на граѓаните. Одговорни луѓекои нема да ја изневерат вашата доверба. Програмската понуда на СДСМ и Коалицијата ја сочинуваат издржани проекти, усогласени според  реалните состојби на општинскиот буџет, со реални рокови и реален план. Она во што сум сигурна, едека целиот свој капацитет, целата моја енергија ќе ја насочам кон изградба на отворен, пристапен и транспарентен Совет, во кој секогаш ќе има место за гласот на граѓаните. Општинскиот Совет мора да биде храм на демократијата, во кој граѓаните преку избраните претставници, но и директно, преку Граѓанскиот парламент и разни други форуми, ќе учествуваат во креирањето на локалните политики.

Граѓанскиот сектор мора да биде вистинскиот коректив на власта, да има реална улога во носењето на одлуките. Демократијата за која се залагам ќе биде реалност, а не само декларативна заложба.Како советници, со идниот градоначалник на општина Прилеп, Горан Сугарески, ќе изградиме соработка на рамноправна основа, чија првенствена цел е работа и носење одлуки во интерес на жителите на секоја урбана и месна заедница.Со своето искуство и силна желба да го вложи сето свое знаењево развојот на градот и населените места, Сугарески е движечката сила која заедно со членовите на општинскиот Совет,ќего дадат најдоброто за нашата општина. Заедно со градоначалникот и со граѓаните, ќе реализираме проекти за изградба на нови булевари, нови велосипедски патеки и зелени површини, нови спортско-рекреативни центри, проекти за почиста животна средина и нови можности за младите луѓе,“ посочува во изјава за јавноста Моника Грашеска Илиеска носител на кандидатска листа за советници за Прилеп од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талески смета дека Јовчески води кукавичка кампања

Елизабета Филипоска

Сугарески: Градиме нов кружен тек кај новата автобуска станица

Гордана Цветаноска

Ќе го вратиме спортскиот дух на Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе