7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РАКОМЕТАРКИТЕ НА ДЕСПИНА ИГРААТ ДВА МЕЧА ЗА ТРИ ДЕНА

Необичен распоред за женската ракометна екипа на прилепска Деспина во првенството од Супер лигата. За три дена има два меча. Вечерва беше првиот во Куманово. Таму, домашниот истоимен тим, актуелен шампион, извојува победа од 30:19 (17:6). Кумановчанките го имаа водството од самиот почеток и нивниот триумф во ниту еден момент не беше загрозен.

 

За прилепската екипа, која има биланс од 2 пораза и 2 победи, важно е да собере сили за наредниот дуел, кој е веќе в сабота, дома, со битолски Феникс.

На табелата со максимални 12 бода водечки се Чаир и Куманово.

Би можело да ве интересира

Џудо клубот Сеишин со празнична завршница на специфичната спортска година

Елизабета Филипоска

Каратистот Златко Димоски – тренер на австралиската репрезентација

ТРИУМФ НА ДЕСПИНА НИЗ ПРЕСВРТИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе