7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мирчески до земјоделците: В недела е моментот- наградете или казнете!

Со јавен повик до земјоделците денеска се огласи Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија, во кој што им се обраќа на земјоделците во врска со претстојниот изборен ден – 17 ти октомври:

„Почитувани земјоделци од сите сектори, дојдоа и нашите 5 минути. Јас знам дека нашиот плач засега никој не го слуша, нашиот труд засега никој не го цени, нашата мака засега никој не ја вреднува,а нас не сметаа за проста, необразована, бедна и неважна категорија граѓани на оваа наша напатена Македонија. Но, СЕГА е моментот кога нашиот глас е важен и одлучувачки. И Затоа јавно ве повикувам масовно да излеземе на овие избори во недела и да го кажеме нашиот став. Ако ни е добро да дадеме поддршка на досегашната политика. Но ако сте незадоволни и мислите дека токму ние земјоделците сме најмногу излажани, изиграни и изманипулирани сега е времето за казна на тие политики. Затоа што, ако сега не им го свртиме вниманието на политичарите тие ќе мислат дека добро работат и ќе продолжат уште појако во тој правец. Затоа во недела секој зад параванот со пенкалото во рака да си ја искажиме маката и да ја дефинираме иднината на нашите деца.

Ако мислите дека добро ви оди и добро ви е НАГРАДЕТЕ!

Но, ако мислите дека сте само ограбувани, лажени, изманипулирани  КАЗНЕТЕ!

Зошто само со пенкалото зад параванот ја имате таа можност и само така политичарите можат и мораат да сфатат дека треба сериозно да размислат кога носат одлуки за нашиот сектор-земјоделие кој вработува преку 400 илјади луѓе и ја храни цела држава. И за крај почитувани земјоделци едно мора да ни биде јасно дека нашите деца не заминуваат во туѓина поради туѓите грешки, туку поради нашите лоши одлуки.

Од нас самите зависи,“ стои во јавниот повик од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

ЧЕ ВРЕДИ: Проектот МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР-Прилеп не е проект кој се реализира со цигли и бетон

Елизабета Филипоска

КАКО СЕ ГЛАСА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ?!

Елизабета Филипоска

Реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Напаѓа оној што се плаши!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе