11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јавна трибина во Кривогаштани за два предлог проекти

Во општинската кино-сала во Кривогаштани, вчера, за прв пат се одржа отворена јавна трибина. На јавниот собир жителите на Општината имаа можност да го искажат својот став и да дадат мислење до Советот на општината, за два предлози. Стана збор за предлогот за користење на поволни кредитни средства за реализација на два проекти:

– Промена на 300 улични светилки со нови ЛЕД-економични светилки.
– Адаптација на стара училишна зграда во Кривогаштани во музеј.

На средбата присутните жители се произнесоа по предлозите, при што се формираше заедничко мислење, според кое му се даде  приоритет за реализација на првиот проект за промена на 300 улични светилки во сите населени места во Општината.

Причина за ваквата одлука е бидејќи предлогот е самоодржлив и може да ги оправда вложените средства. Што се однесува за вториот проект за адаптација на старата училишна зграда во Кривогаштани во музеј, се донесе мислење дека оваа иницијатива не претставува приоритет за кој треба да се користат кредитни средства.

Донесеното јавно мислење од оваа трибина треба да им послужи на членовите на Советот на општина Кривогаштани кои сепак ќе ја донесат конечната одлука.

Би можело да ве интересира

ЈП Комуна Крушево: Во Норово и Алданци водата да се преврива пред да се користи!

Гордана Цветаноска

Како Прилеп го одбележува Денот на македонската револуционерна борба?!

Елизабета Филипоска

Субвенции за ПВЦ дограма – Еуро Глас гарантираат врвен квалитет

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе