11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Викендов започнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето во 2021 година завршува во недела на 31 октомври во три часот по полноќ.

Ноќта помеѓу сабота и недела, часовниците треба да се вратат еден час наназад. Времето во три часот во недела на 31 октомври се смета за два часот, согласно Законот за сметање на времето. Практиката е секој последен викенд во октомври да се поместува часовникот и да се префрла на зимско сметање на времето, а тоа прашање е регулирано со закон во повеќето европски земји.

Комитетот на Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот во 2021 година, што со децении се случува двапати годишно – во март и во октомври.

Ваквото сметање на времето трае до последниот викенд во март, кога следи летно сметање на времето. Македонија постапува во согласност со досегашните практики на менување на времето, така што во следниот период ќе почека на насоките од Европската комисија (ЕК), по што по деталните анализи ќе се одлучи какво време ќе биде прифатено ако дојде до некаква промена.

Би можело да ве интересира

Два активни пожари во прилепско

Гордана Цветаноска

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи отворени средби во Прилеп

Пела Редакција

Прилеп се сеќава: 22-ве години од погибијата кај Карпалак

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе