2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Концерт на Сашко Костов во Прилеп

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ на 4 ноември 2021/ четврток/ од 20.00 ч. ќе се одржи алтернативен рок концерт на Сашко Костов, при што ќе има концертна промоција на албумот „Крик и Прашина“. Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања. Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно – експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија…..На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов (Вокал, гитара, семплинг) Симон Облешевски – Клавијатури Симеон Ангеловски – Бас гитара Дамјан Грујо – Тапани Филип Бошевски – Гитара

Сашко Костов е мулти-инструменталист, композитор, изведувач и продуцент чија музичка инспирација е тесно врзана за неговите влијанија и потекло. Со првото слушање, и покрај сложеноста на неговите композиции, тие допираат до публиката и не ја оставаат рамнодушна. Изминативе неколку години се занимава со производство на сопствени инструменти кои имаат уникатен звук а кои се изработени од рециклирани материјали (дрво, пластика, метал) сечење – штимање метални, пластични цевки… Работејќи на музичката сцена од 1995-та година, Сашко наоѓа место во индустријата, за фокусирање на неговата соло кариера, а воедно и компонирањето на музика за театарски претстави стана негова пасија. Костов твори интригантен звук и во исто време останува верен на сопствените творечки стремежи. Посветен на својот занает и полн со еклектични идеи, овој уметник знае како се користи поетскиот стих за да ги разубави своите музички тонови и ритмови. Вокалите се неговото најмоќно оружје. Еден од ретките кои потпирајќи се на сопственото авторско кредо и на стекнатите свирачки вештини зад себе има пристојно долга кариера документирана во некаде петнаесеттина објави, многу театарска музика и уште повеќе концертни настапи со групите чиј предводник бил (BAD SECTOR, SASKO KOSTOV and THE WAITING WAITS), но и со дузина каде се јавува како редовен или „дописен“ член (МУГЕР ФУГЕР, ЛАСТ ЕКСПЕДИШН, ЧИСТА ОКОЛИНА, Горан Трајковски…). Формалната наобразба ја заокружува на Џез академијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ова подразбира дека тој подеднакво е успешен како тапанар, перкусионист, вокалист, гитарист, клавијатурист кој со леснотија плови во творештвото и зад себе остава парчиња музика која е показ за неговото патешествие во кое поодамна се избришани формалните жанровски рамки што е доблест на оние кои размислуваат со универзалниот јазик и ги претпочитаат потрагите наспроти удобноста со веќе постигнатото.

Би можело да ве интересира

Историјата за конечното ослободување на Прилеп!

Гордана Цветаноска

Изложба „Геолошки пресек“ од уметникот Давид Атанасоски од Прилеп

110 години од смртта на Атанас Бадев

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе