7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Конституиран новиот Совет на општина Крушево

Се конституира новиот состав на Советот на општина Крушево, а за претседател е избран Андреј Николоски. Советот го сочинуваат 6 советници од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива. На конститутивната седница се обрати и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој се заблагодари на досегашниот состав на советот за учеството во многубројните проекти и на новите советници им посака успешна работа.

„Сакам да се заблагодарам на досегашниот претседател на советот кој својата работа ја водеше успешно и придонесе кон една хармонија во советот и консензус за најважните прашања за граѓаните. Тоа е веројатно најсилната порака која може да биде испратена до вас како идни советници. Партискиот интерес е оправдан, но никогаш не смее да биде пред граѓанскиот, општествениот, интересот на Крушево. Да го запаметиме ова“изјави Христоски.

По завршување на седницата на социјалните мрежи се обрати и досегашниот претседател на советот Тома Петроски.

 

„ Во изминативе 4 години како Совет донесовме голем број на одлуки од интерес на граѓаните и општината. При донесувањето на сите одлуки се водевме само и исклучиво од интересот на граѓаните. Посебно внимание посветивме на зголемување на транспарентноста во работата на советот, како и тоа Советот да стане поблизок до граѓаните, а како белег на ова ќе остане новата сала за одржување на седниците на советот од која граѓаните ќе имаат прилика да ја следат работата на Советот во живо. Токму оваа сала, како и опремата за кино салата, се резултат на заедничката работа на сите советници од сите политички партии“, напиша Тома Петроски на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Цеца на Пивофест во Прилеп ! Градот подготвен за Пиво фест забава

Гордана Цветаноска

Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Неизвесноста со тутунскиот откуп продолжува во – Собранието!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе