0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Потпишани договори за стипендии за деца со попреченост во Центарот за социјална работа – Прилеп

Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп денеска беа потпишани договори за стипендии за деца со попреченост во рамките на проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” спроведуван од Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” Скопје, Здружение за промоција и развој на инклузивни општество Инклузива и Здружение за давање на услуги на лицата со попреченост Хандимак.

Стипендијата се доделува по втор пат за ученици со попреченост во прво одделение. Вкупно ќе бидат доделени 150 стипендии на национално ниво. Минатата година беа доделени вкупно 322 стипендии за деца со попреченост кои посетуваат редовна настава во прво и второ одделение. Во Прилеп минатата година беа евидентирани 16 стипендиста, а оваа година корисници на стипендијата ќе бидат 9 ученици во прво одделение.

Поддршката на децата со попреченост и градењето на инклузиво општество треба да биде императив на нашата држава, а во таа насока граѓанските организации активно делуваат за да обезбедат дополнителна советодавна и финансиска поддршка со цел да се овозможи еднаков пристап и поквалитен живот.

Оваа иницијатива е успешна приказна во нашата држава за улогата на граѓанскиот сектор за инклузија и еднакви права на децата со попреченост, како и повик за заедничка соработка на јавниот и граѓанскиот сектор за инклузивно општество.

Би можело да ве интересира

Вечерва започнува Макфест. Кој ќе го претставува Прилеп?

Пела Редакција

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Елизабета Филипоска

Чествување на Денот на Републиката, годинава под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе