Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правни предуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија.
„За критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на еликтрина енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности“, се вели во воведот на Уредбата.
За воведување на електроенергетска кризна состојба потребно е да се формира Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. Таа Комисија е составена од седет члена и тоа, по еден претставник од Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, ОЕПС, ОПЕЕ, Операторите не електро дистрибутивните системи. Мандатот на членовите изнесува четири години.
Комисијата врши проценка на состојбите со снабдувањето со електрична енергија во Македонија и во соседните држави. Изготвува и доставува министерот за економија.
МЕПСО пред десетина дена предупреди дека во повеќе наврати добиле предупредвања од Европскиот центар за пресметки кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи дека нашиот систем заради недостиг на домашно производство сериозно отстапува и нелегално превзема туѓа електрична енергија. Таа енергија заради недостигот на производителот ЕСМ ќе мора даја плати МЕПСО откако пропаднал тендерот за набавка на струја што го распишал ЕВН – лиценцираниот снабдувач. Засега нема информации кои мерки ќе ги превземат МЕПСО и ЕВН. Уредбата е објавена во Службен весник бр. 246 на 2 ноември 2021 година.