0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

РЕДОК ПРИМЕРОК НА МАСА ЗА МЕРЕЊЕ ТЕЧНОСТИ ОТКРИЕНА ВО СТИБЕРА

„Со МАСАТА ЗА МЕРЕЊЕ течности,  во 2 век од нашата ера, во римско време,  трговците мерел  вино, млеко  и други течности “. –  раскажува археологот од Завод и Музеј Прилеп, Душко Темелкоски

„На масата има издлабено 8 реципиенти (отвори) со различни пречници и длабочини и со отвори на дното, каде истекувале течните продукти. Количините кои се верификувале биле 10, 5, 3 и  2 литри, 1 литар,  700, 300 и 150 милилитри.  Според сочуваноста, нашата мерна маса се споредува со онаа од Помпеја, која била покриена со лавата по ерупцијата на вулканот Везув. Во агората во Стибера се откриени две мермерни маси. На едната била најверојатно поставена терезија – вага, односно тука било местото каде била верифицирана тежината на овошните плодови, зеленчукот и житариците кои се продавале, а другата, оваа  МЕРНА МАСА, кој претставува редок наод, за прв пат откриен во Република Македонијае.„- раскажува Темелкоси за големот откритие кај локалитетот Стибера.

Вакви мерни маси, но во фрагменти (делови) , се пронајдени во Италија, Грција, Турција и Израел, но не целосно зачувани.  На фронталната страна на овие маси има врежан натпис, каков што има и на мерната маса од Стибера. Според натписот кој го прочита класичниот филолог Весна Калпакоска од Битола, службеното лице на агората, агораномот со име Ајлиј Химнос, во годината 289 од т.н. македонската ера, односно 142 од нашата ера, донирал свои средства за поставување на мерната маса на овој простор.

Агорите, како големи плоштади во античките градови биле средиште на економскиот, религиозниот и социјалниот живот на луѓето. Покрај другото, агората претставувала и пазариште, место каде граѓаните вршеле стокова купопродажба. Со истражувањата откриен е всушност, т.н, административниот дел од агората во Стибера. Подот бил поплочен со мермерни и гранитни плочи, додека централно бил изграден ритуален бунар, околу кој се одвивале разни религиозни активности. Просторот бил заграден и покриен и според сочуваните остатоци од ѕидовите имал речиси квадратна форма со димензии 13 х 13 м.

Секако најзначајно е откривањето на неколку наоди од мермер. Сите биле поставени покрај или вградени во внатрешниот, источен ѕид.

„Конкретно, откриен е мермерен жртвеник – ара посветен на богот Хермес. Овој бог бил заштитник токму на трговците, па затоа е логично што бил поставен во агората, односно пазариштето. Најрепрезентативен наод претставува бистата веројатно на Фаустина, жената на римскиот император Антониј Пиј кој владеел во средината на 2 век од нашата ера. Тоа е време на најголемиот процут на градот, односно благосостојба на територијата  на целото римско царство. Кога Фаустина релативно млада починала во 140 година од нашата ера, императорот ја прогласува за дива, односно човек божество. Во годините што следат во нејзина чест насекаде во царството се подигаат комеморативни бисти со нејзин лик. Бистата од Стибера била поставена на постамент во ниша која била луксузно декорирана со флорална орнаментика. Таа според извонредната изработка претставува можеби најрепрезентативниот пример на познатата работилница за мермерни скулптури во градот. „  раскажува за најновото откритие  археологот Душко Темелкоски, од  Завод и Музеј Прилеп,

Веднаш по завршувањето на археолошките истражувања, архитектот Кире Јованоски,  извршил конзерваторски анализи, и би требало следната година да започне реконструкција и конзервација на откриениот дел од агората во Стибера.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Четврток боево гаѓање на стрелиштето „Леково„

Пела Редакција

Подмирување на сметките е проблем на секое трето семејство во Македонија

Гордана Цветаноска

Денеска, од 16 до 23 ч., тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат. Oд утре подигнувањето готовина од банки, по азбучен ред

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе