Со барање за пристап до информации од јавен карактер, денеска се огласи координаторот на новоформираните тутунски здруженија Игор Мирчески, преку јавно писмо до министерот Аријанит Хоџа во кое се вели:
„Г-дин министер, врз основа на законот за слободен пристап на информации, а со целосна заштита на податоците на тутунопроизводителите, врз основа на законот за заштита на лични податоци, НИЕ новоформираните тутунски здруженија, бараме јавен увид во списокот со тутунопроизводители кои се членови на здруженијата -членки на Сојузот на земјоделски здруженија (СЗЗ) на Менде Стомнароски, а врз основа на кој список СЗЗ ја доби согласноста од МЗШВ за застапување на тутунарите во ова реколта 2021-2022.
Јавниот увид го бараме бидејќи се сомневаме во злоупотреба на личните податоци на производителите и од тука мислиме дека СЗЗ го нема легитимитетот за претставување на тутунарите во оваа реколта. Списокот со производители, запазувајќи го законот за заштита на личните податоци го очекуваме во писмена форма, како и во електронска форма, објавен на страната на МЗШВ, како би можеле тутунопроизводителите да си ги проверат податоците и доколку има злоупотреба на истите, од страна на некое здружение, да можат да поднесат кривична пријава до здружението, се вели во јавното обраќање до ресорниот министер Аријанит Хоџа од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.