Жителите од четири прилепски населби 20 часа се без вода поради дефектот кој синоќа се случи на ул. „Тризла„ преку која се снабдува и високата зона на градот. од потег од ул.”Ердован Шабаноски”, нас.”Марино Маало”, нас.”Кузман”, нас.”Рид” и нас.”Тапани” .
Директорот на ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски за Радио Пела изјави дека утрово од 7.оо часот продожило санирањето на дефектот што се случил вчеравечер и кој е серозен проблен со оглед на тоа што, до водовдната цевка, која пукнала поради високиот притисок од вода во делот каде што цевките се спојуваат, се наоѓала и канлизационата мрежа.„ Па, проблемот стана двоен“ –вели тој, но нагласи дека се работи, пред се на обезбедување на вода, па потоа ќе се средуваат и останатите активности за целосно санирање на проблемот.
„Сега околи 15 % од прилепчани се без вода, бидјеќи оваа водоводна мрежа ја снабдува и високата зона, во нас.”Марино Маало”, нас.”Кузман”, нас.”Рид. Очекувам во попладневниете часови граѓаните да имаат вода за пиење„- истакна директорот на ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп, Игор Гулабоски
На прашањето дали и зошто не се снабдени овие жители барем со техничка вода преку цистерни додека да се реши дефектот, Гулабоски не информира дека ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп има само една цистерна за вода, која моментно не е хигиенски исправна за носење пивка вода.
Што се однесува до прашањето „колку е штетата? Колку средства чини дефектот?„ Гулабоски одговори дека кога ќе се санира дефектот и ќе има комплетна финасиска конструкција за настанатата штета.
Од ЈКП”Водовод и канализација” – Прилеп информираа дека со ваков тип на дефект претпријатието се немало соочено во изминате 15 години.
Локацијата на дефектот е обезбедена со соодветна сигнализација , а поради серозното раскопување на улицата има поставено и службено лице кое дополнително се грижи за безбедноста на граѓаните. Исто така, обезбедена е и патролна контрола од ПС Прилеп за обезбедување на локацијата.