11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

САНИРАЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ, ПАРКОВСКИ ПОВРШИНИ, ПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ, ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО АУТИЗАМ..БАРААТ ГРАЃАНИТЕ НА ПРИЛЕП ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Во интерес на јавното мислење и улогата на медиумите за пренесување на ставовите и гледиштата на граѓаните, Радио Пела ја постави анкетата

 „Што треба прво да направи градоначалникот на Прилеп?!„ . За само три дена  над 12. 661  лица ја виделе анкетата, а  над 200 лица дале свои предлози во коментар, со надеж дека овие граѓански размислувања ќе допрат до институцијата градоначалник и ќе се најдат како предлог – проекти пред Советот на Оптшина Прилеп за реализација од буџетот на Општина Прилеп за 2022 г.

Од анкетата 93% од предлозите се однесуваат на комуналната сфера и подобрување на хигиената во градот, 3 %, на организациониот дел поврзан со работата на јавната администрација во општината, 2% се  предлозите во делот на образованиот и културата и 1% процент се однесува

на здравствената сфера.

Најголем дел од граѓаните на Прилеп бараат уредување на прилепските плоштади и градски улиците, или менување на сообрајќаниот режим на некој од нив… Предлогот за отстранување на автомобили од пешачките созни,  особено кај т.н улица кај Бочварите и забраната за паркирање зад хотел Скопје и движење на автомобил во овие делови,  се дел од барањата на граѓаните

 

  • Да ги отстрани возилата од плочникот пред Земјоделска, околу пазарот, кај Бочварите…партал плочките ги направија.

  • DA SE ZABRANI PARKIRANJE POZADI HOTEL SKOPJE I PARKIRAJNE I VLEZ NA KOLI VO STARA CARSIJA OD KAJ SIZOT ZA STANUVAJNE NE MOZI PESKI DA SE ODI

  • Уште веднаш да се забрани паркирање позади поранешен хотел Скопје и од Шарена чешма накај џамијата , бидејќи коли возат кај што одат пешаци и за да свртат влегуваат и во пешачката зона на плочникот. Овој простор кој сега е паркиралиште да се оплемени бидејќи ова не личи на град , дотолку повеќе што таму каде чаршијата е претворена во паркинг има по една катна гаража ! Улиците се крш низ градот , зеленилото и парковите се уништени, треба да возобноват и детските игралишта … има многу работа

  •  da gi otstranat kolite od ulicata Metodija Satorov Sarlo od mostot do kaj Motevci (Pionerski dom) zatoa sto nemozime da vlezime vo portite ( iako ima znak zabraneto parkiranje)

  •  Грацки автобус да врви и во типската населба.

 

Улици без ударни дупки и испакнати шахти, повеќе парковските површини и уредување на градската река, бараат граѓаните.

  • Patishtata.. Site ulici se dupka do dupka, shahtite,.. Kolite gi iskrshivne.. Po bulevarite pretezno kaj kruznite da se posadat poniski cvejkina da ima preglednost oti ke izgazime peshak..

  • Da gi napravi ednosmerni ulicite Borka Taleski i Vera Ciriviri,najrizicnite ulici,bez trotoar,.

  • Da se dopravat parkovite vo naselba Tocila.Parkovite se pretvoreni vo parking.Osobeno vo zgradata kaj osnovnoto uciliste Blaze Konesski.

  • Da ja asvaltira ul. Kiro Pajmakoski vo Sarena cesma koja bese iskopana I trebase samo as alt da se turi, no so promena ta ostana vo katastrofalna sostojba, mnog e prometna. Prasina sekoj den ni se polnat I dvorovite I kukite. A za krsenje na kolite I da ne spomnuvam

  • Da ja poseti zgradat K-5b Pozadi “Zito” market susara za tutun vo okolinata 50 skelina nema parking nema ulica…..

 

Еден од интресните комунални предлози е барањето за поставување на градско WC.Еве и зошто?!

  • Da napraj gradski wcea da ne se molat lugeto za wc po kafani i dukani

  • Eden javen i moderen toalet.da ne odat po kafani.cosina i vlezovi grajdjanive i turistite

 

Според анкетата граѓаните бараат и реорганизација во јавната адмиистрација , давајќи интересни  предлози

  • Градоначалникот или општината треба да креира сопствена база на експерти / консултанти (pool of experts), кои ќе и бидат на располагање на општината во делот на припрема на проекти за привлекување на финансиски ресурси од ЕУ , од други донатори и други домашни фондови.

  • Ревизија на работењето на општината и сите јавни претпријатија.

  • Da se bara odgovornost za kriminalot do posleden dinar Bez odgovornost se drugo ce bidi za dzabe

 

Граѓаните упатуваат предлози до граѓаните:

  •  Да ја реновира салата Партизан, за која пред секои избори има ветувања, а истата е од огромна важност за градот Прилеп и нашите деца.

  • Da gi zgrizi kucinjata skitnici vo domovi za zivotni, i da gi finansira tie zivotinski domovi od drzavna kasa (veterinari, zgrizuvanje, iskhrana medikamenti i edna webstrana, za zainteresirani grajgani koi sakaat da si zemat milenice so soodveten finansiski nadomestok)

  • Da napravi revizija za mosto i avtobusite

  • Спортска сала во ООУ”Блаже Конески” и кружен тек кај нова автобуска станица.

  • Da izgradi zatvoren bazent, I da otvori novi rabotni mesta,da gi pottikni veke otvorenite Mali biznisi

  • Во секое училиште и градинка да се вработи обавезно дефектолог и логопед.

  • Da otvori dneven centar za deca so autizam

 

Ова се само дел од педлозите на Прилепчани на прашањето „Што прво треба да направи градоначалникот на Прилеп?„. Предлозите произлегуваат од секојдневното живеење на Прилепчани кои точо потврдуваат што им е потебно за поубав, почист Прилеп и поквалитетон живеење во градот под Марковите Кули. Сите одговори на анкетното прашање можат да се погледнат на нашата фејсбук страна:https://www.facebook.com/radiopela/photos/a.1001202117024579/1265815037229951/

 

Би можело да ве интересира

Одбележан 11 мај Денот на сообраќајната култура во Прилеп – Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите!

Гордана Цветаноска

Седница на Совет на Општина Прилеп: Донациите прифатени, предадена опремата на институциите- дебатата настана по прашања повразни со работењето на некои од јавните институции

Пела Редакција

Кризниот штаб очекува упатства за постапување со сајбер заканите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе