16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Важна препорака до граѓаните од ЈКП Водовод и канализација Прилеп

ЈКП Водовод и канализација Прилеп денеска со соопштение до граѓаните – можно е заматување на водата во водоводната мрежа во Прилеп.
Поради енормно зголемената издашност на изворот „Студенчица“, Ве известуваме дека во водоводниот систем има промена на притисокот во мрежата и  со тоа доаѓа до мало заматување на водата во одредени делови од градот.

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп поради превенција излегува со временска мерка-препорака: доколку забележите заматување на водата, пред конзумирање да се преврива 10 минути. Стабилизирање на состојбата очекуваме да има на ден 04.12.2021 (сабота), соопштуваат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Би можело да ве интересира

Стевaноски: И покрај одлуките на судската власт, иницијативата за „Спас за Прилеп“нема да запре

Пела Редакција

Цветници, празник во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалем

Македонски Брод : Костенијадата прераснува во фестивал на костенот (ВИДЕО + ФОТО )

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе