11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мора да ја чуете оти ќе уживате во секој миг со „Новогодишна„ на прилепскиот бенд The Dreamers

Прилепскиот бенд The Dreamers ја објавија својата нова песна “Новогодишна„ во која слушајќи ја ќе уживате во секој миг.  Рефренот вели : „Нека овој божји ден сплоти далечни светови, себе си што посакуваш , посакај на ближни и напознати….и Насмеј се! „ ,и тоа е мотив повеќе да ја чуете

Песната со својот новогодишен ритам побудува празнично расположение, и пренесува многу пораки за човечките вредноси: дарување, почитување и в заемно помагање –  преку насмевка.  Ведрината да го облагороди човечкиот лик, а насмевката да биде ѕвезда на секој лик , таква е песнат „Новогодишна„ на прилепскиот бенд The Dreamers , која е една од уникатните и ретките празнични новогодишни песни и се разбира ,веројатно, ќе стане  најпевливата македонска новогодишна песна .

Музиката и текстот се дело на Душко Темелкоски, аранжманот на Рубин Димкоски, а  видео спотот го изработи Фан продукција – Оливер Ангелески.

 

 


Новата „Новогодишна„ беше повод и за кусото ,блиц,  интервју со еден од членовите на групата The Dreamers

Радио Пела: Го прашавме Милан Секулоски, членот на грпата The Dreamers, како се дојде до идејата да се сними „Новогодишна“

Милан Секулоски : „Идејата всушност не е наша. Песната е музика и текст на Душко Темелкоски-Дуле. Снимена е веќе година дена. Беше баш овој период минатат година,. кога ми пиша, дека има нова песна, новогодишна. Туку што ја завршил и баш на нас се сетил да ни ја понуди. Му реков. Ок, да ја чуаме и ќе видиме. Веќе следниот дена бевме кај него дома и ни ја отпеа. Ја бендисавме и решивме да ја снимиме. За жал немаше доволно време да биде се готово за дочекот на 2021, па остана да чека цела година. Да дојде уште еднаш Дедо Мраз и да и ја подари на Македонија.


Радио Пела: Зошто токму овој новогодишен „џинго бел“ музички ритам ? Дали тоа значи дека треба празниците да не инспирираат,да не потсетат дека во животот треба да се ужива?

Милан Секулоски „Иако немам никаков удел во правењето на песната, ќе одговорам. Секоја нова година мора да ни зазвони звончето, за да не потсети дека треба да сме подобри, посолидарни и почовечни од претходната.„


Радио Пела: Песната само за два дена од нејзиното поставување на YouTube досигна над 25оо прегледи ?Значи ли тоа дека постигната е целта, убавите пораките луѓето сакаат да ги слушнат?

Милан Секулоски : „Никогаш не е доволно од убави и човечни пораки. Една од мисиите на музиката е да го поткрева духот и да го отвора умот.Празниците затоа и се тука, да не потсетат на вредностите на семесјтвото и пријателството„

Би можело да ве интересира

Вистински прилепски филиграни Славчо Бунте и Блаже Даскало

Гордана Цветаноска

(фото) Снежна Македонија

Елизабета Филипоска

Брилијант омега 3 – извор на есенцијалните масни киселини

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе