-1.9 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Новогодишна здравица до зори – Празнична програма на Радио Пела (ВИДЕО + ФОТО)

За дочекот на новата 2022 година , како и секогаш Радио Пела со своја празнична програма , Новогодишна здравица , во петок со почеток во 21ч.Уживајте со звуците на балканските музички звезди во нивните изведби за ваше убаво празнично расположение. Секако во нашата програма ќе слушнете и безброј новогодишни пораки од познатите македонски пеачи , спортисти , актери и луѓе со различни други професии. Музиката ќе ви ја сервираме ние а за здравицата ќе се погрижиме заеднички, во весела новогодишна атмосфера. За нашите радио слушатели , за нашите фејзбук следбеници и инстаграм приврзаници , за нашите од дијаспората ќе пеат , The Dreamers , Сара Сурлаџиоска, Соња Муличкоска, Да Капо Бенд , Балканика Бенд и уште многу други а се разбира новогодишната вечер нема да помине и без боемите на балканот во највесели преработки и музички акорди кои се за добро друштво и вистински новогодишен дочек.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/595320441546301

Новогодишната здравица на Радио Пела , покрај емитувањето на нашата радио станица ќе биде емитувана и на нашата facebook страна како и на нашиот YOU TUBE  канал RadioPela Macedonia  а во исто време ќе можете да уживате во новогодишниот дочек и на платформите balkanske radio stanice  како и на ExYu radio stanice.Дочекајте ја новата 2022 година и со звуците на Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ и нивните прекрасни концерти , како и легендарните Ана Бекута и Снежана Џуришиќ , се до раните утрински часови на нашето радио.Среќа Нова 2022 ви посакува тимот на Радио Пела!

Би можело да ве интересира

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Во чест на Тоше: Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер на песната „Усни на усни“ (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

„Дури и глувците одат во рајот“-утре на пладне во кино Мис Стон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе