7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Донација за народната кујна во Крушево за еден месец топли оброци за социјално загрозените лица

Хотелот Панорама и ски центарот Алто донираа храна за народната кујна во Крушево, сместена во зградата на детската градинка “Гонча Туфа”.  Со донацијата се обезбедува храна, топол оброк за еден месец за 67 лица од социјално ранливи категории од Крушево.

Овие лица, корисници на народната кујна, единствен излез или минимум услов за опстанок им е токму топлиот оброк што го добиваат еднаш дневно, секој ден во неделата.

„Донираната храна ќе обезбеди оброци за цел еден месец за сите корисници на народната кујна во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, заблагодарувајќи му се на донаторот за оваа донација на на храна, а за донацијата се заблагодари и директорката на детската градинка „Гонча Туфа“,  Мери Христоска во чиј состав е сместена народната кујна во Крушево.

 

Би можело да ве интересира

Крушево – град на културата за 2023 година

Првпат претстава на влашки во Крушево

Пела Редакција

Подобро поврзување меѓу Крушево и Кичево преку санација на локални патишта

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе