7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Оние кои планираат да патуваат во Бугарија, од 19-ти јануари соседот ги затвора границите за Македонија поради пандемијата

Сите кои планираат да патуваат во Бугарија , почнувајќи од 19-ти јануари, според најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез за државјаните на Република  Македонија, поради влошената епидемиолошка  ситуација во Република Бугарија и во Европа. Со оваа одлука се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично).

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

– До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, наведува МНР.

Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.

– Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија, нагласува МНР.

Би можело да ве интересира

Пријавувањето за вакцинирање може да започне

Елизабета Филипоска

Невреме во прилепско со силен ветер, дожд и град

Пела Редакција

Витаминка за сите жени вработени во компанијата -бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе