Машкиот ракометен суперлигаш РК Прилеп одигра два пријателски меча со српскиот суперлигаш Дубочица во Лесковац. На првиот иако прилепскиот состав на тренерот Горан Кузманоски – Таста имаше водство на полувремето со 19:16, домашните забележаа минимална победа од 28:27.
За гостинскиот тим најмногу голови постигнаа Реваз Чантурија и Марио Гичев по 6, а Давор Шокоски и Даниел Андоновски по 5. Вториот меч исто така беше драматичен, со конечен резултат 30:30. Најефикасен на мечот е играчот на Прилеп, Христи Бикоски со 10 гола. Може да се каже дека РК Прилеп имаше две успешни меѓународни контроли, кои значат и негување на пријателските односи со клубот Дубочица.
До продолжението на суперлигашкото првенство на 3 февруари, има време уште за некој пријателски натпревар на РК Прилеп.