16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ново поскапување на горивата, дизелот отиде над 70 денари

Цените на горивата продолжуваат и понатаму да растат, а Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија, ги утврди најновите малопродажни цени кои ќе важат во следните седум дена. Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ ќе поскапат за 2,84 проценти во однос на минатата недела.

Ова значи дека од 25 јануари, па се до следниот понеделник, литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за цена од 78,50 денари, Еуросупер БС-98 ја надмина границата од 80 денари, па така во следните седум дена ќе се продава по цена од 80,50 денари, а и дизелот оди над границата од 70 денари, односно ќе чини 71 денар за литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување на светските берзи и тоа кај бензинот за речиси 4,9 проценти, а кај дизелот за 4,8 проценти.

Би можело да ве интересира

(Видео) Откупот на тутунот се одвива по предвидената динамика по просечна цена од 419, 6 денари за килограм

Земјоделците бараат јавните повици за закуп на земјоделски парцели да бидат потранспарентни

Од денеска стартува откупната тутунска кампања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе