Полициски службеници од ОВР Прилеп ,вчера, на превој Плетвар го лишиле од слобода С.Ј.(31) од
Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки. Лице педходно било барано по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје.
Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор – Прилеп за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.,соопштуваат од СВР Битола
***************************
Bчера на 26.01.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп од ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп лишен бил од слобода и лицето С.Д.(48) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Против него ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик, соопштуваат од СВР Битола