7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Талевски: 100 дена градоначалнички мандат на Борче Јовчески, исполнети со непотизам и неработење

Изјава за јавноста денеска од Центарот за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп, во врска со 100 денови од работата на градоначалникот Борче Јовчески од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на која говори Миле Талевски, актуелниот пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп.  Ја пренесуваме во целост:

„Она по што прилепчани ќе ги паметат првите 100 дена од владеењето на градоначалниот Борче Јовчески, е непотизмот, лажните ветувања и целосното нефункционирање на локалната самоуправа. Наспроти ветувањето за ангажирање на професионалци во администрацијата, првото кадровско решение на Јовчески, беше поставувањето на неговиот другар Игор Гулабоски за директор на ЈКП „Водовод и Канализација“.

Истовремено, градоначалникот треба им објасни на прилепчани дали и сопругата на директорот Гулабоски, Паце Гулабоска, е вработена во Општина Прилеп?

Ако тоа беше малку за старт на градоначалничкиот мандат, како следно кадровско решение на Јовчески беше именувањето на медицинската сестра од неговата приватна амбуланта, Маја Костадиноска, за шеф на неговиот кабинет.Ваквото „приватизирање“ на институциите од страна на Јовчески, предизвика револт и наиде на осуда кај пошироката прилепска јавност.

Освен непотизмот, главна карактеристика на првите 100 дена од владеењето на градоначалникот, се и лажните ветувања.

Да потсетиме, Јовчески вети дека во првите 100 дена ќе ги реконструира плоштадите „Александрија“ и „Арт плоштадот“, како и реконструкција на амфитеатарот во населбата Варош.

Во првите 100 дена, Јовчески вети и реконструкција на фонтаните, нови зелени површини и реконструкција на постојните паркови во градот и населените места.

Сепак се чини дека најголемата лага на актуелниот градоначалник е ветувањето дека прилепчани ќе плаќаат пониски сметки за вода. Во општинскиот буџет за 2022 година, Јовчески не предвиде средства за субвенционирање на дел од трошоците за вода.

Почитувани сограѓани,

Ако по утрото се познава денот, нема дилема дека Борче Јовчески ќе биде најлошиот градоначалник во историјата на општина Прилеп“, вели во изјава за јавност Талески.

Би можело да ве интересира

Кој ќе ја извршува функцијата Претседател на Совет на Општина Прилеп во идниот период, кои се новите советници?!

Пела Редакција

Проданоски: дали за СДСМ Тутунски Комбинат е уште еден „бомбона бизнис“?

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ: Прилеп и прилепчани, отсекогаш знаеле да ја изберат вистинската страна!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе