9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Советот одлучи финансиски да му помогне на ФК Новаци

 Советот на Општина Новаци на петтата седница разгледа  го разгледаа и усвои кварталниот извештај за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година и планот за јавни набавки на Општина Новаци за 2022 година.

На дневен ред се најде и извештајот за искористените парични средства за Културно забавно лето Новаци 2021 година, кој беше разгледан но е беше усвоен.

Советниците разгледаа и усвоија и две предлог одлуки за отпочнување на постапка за донесување на урбанистичка планска документација за селата: Новаци, Рибарци, Живојно, Будимирци, Градешница и Гермијан и одлука за отпочнување на постапка за донесување на УПВНМ за изградба на објекти со намена Г2  во КО Новаци – вон градежен реон.

На денешната седница советниците донесоа предложија и  членови за комисија за утврдување на штети од земјотресот од 09.01.2022 година ,а  како дополнителна точка го разгледаа и барањето на ФК Новаци од Новаци за финансиска помош, за кое едногласно беше одлучено да им се исплатат средства во висина од 140 000 денари строго наменети за исплата на заостанати плати за фудбалерите.

Би можело да ве интересира

Се чистат одводните канали на територијата на Општина Новаци

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе