16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Минатата недела во Прилеп 7 починати и 267 нови случаеви заболени од Ковид-19

Шпекулациите, дека во Прилеп од почетокот на оваа година починале 200 лица од Ковид-19, ги дематира извештајот од Центарот за јавно здравје Прилеп. Вкупенот број на заразени лица од почетокот на пандемијата, кон крајот на февруари од 2020 година кога од епидемија ковидот стана пандемија, бројот на заразени  во Прилеп изнесува 13.265лица, а вкупен број на починати лица од почетокот на пандемијата изнесува 555 лица.

Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека изминатата седмица, во периодот од 07.02. до 13.02.2022година, во општина Прилеп има 267 нови случаеви на заболени од Ковид-19.  Од последици на коронавирусот починале 7 лица, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 336, на болничко лекување се наоѓаат 29 лица, од кои 27 се на кислородна поддршка.

Инаку, во периодот од 31.01. до 06.02.2022 година, во општина Прилеп од последици на коронавирусот починале 10 лица.

Минатиот месец ,јануари, од последици на коронавирусот во Прилеп починале 12 лица од Прилеп, се вели во извештајот на Центарот за јавно здравје Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Прилеп 4 нови случаи, вкупно 50 !Тел. на дежурни маркети и аптеки за време на државен карантин

Втор ден блокада и протести на вработените на Еурокомпозит

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе