10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Пронајдено украдено оружје и муниција, полицијата приведе двајца осомничени

На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.  З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“.  Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од с.Бела црква, општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Би можело да ве интересира

Потрагата по 14 годишната Вања сеуште трае!

Пела Редакција

Опожарен автомобил – тренер се однесувал недолично кон малолетничка

Елизабета Филипоска

Мотоциклисти возат и без возачка затоа 8 биле исклучени од сообраќај 

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе