11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гимназијалците иновативни: „Паметна“ сушара за тутун, чај и други билки

Екипа од Гимназијата Мирче Ацев во состав: Филип Тошески, Стефанија Трајкоска и Никола Димовски под менторство на професорката Соња Димовска имаат интересна иновација поврзана со процесот на сушење на ориенталниот тутун, чаеви и билки. Преку искористување на сончевата енергија (фотоволтаични панели) за насочена вентилација иновацијата озоможува скратување на времето потребно за сушење на тутунот со традиционален начин.

Како? Одговорот е во дополнителното струење на воздухот во тунелот (скелето со тутун обложено со полиетиленско платно) . Со примена на сончеви колектори и акумулатори гимназијалците обезбедија начин да се овозможи трансформација на сончевата енергија во електрична која понатаму ќе придвижува вентилатори сместени во сушарите за тутун.

„Ние ,екипата од гимназијата „Мирче Ацев “ од Прилеп доаѓаме од  средина која е позната по производство на ориентален  ароматичен тутун. Секоја година во зависност од временските услови додека трае сезоната за берба на тутунот,тутунопроизводителите добиваат различен квалитет.При предавањето на сувиот тутун на комбинатите  се врши проценка на квалитетот  во три до четири класи при што за скапаниот тутун се добива ниска цена и ниска класа.

Клучни фактори  за добриот квалитет се:сончевата енергија и струењето на ветрот. Сончевата енергија е доволно искористена преку примена на   полиетиленско платно кое ја зголемува температурата во сушниците додека за струењето на воздухот досега не се користи никакво решение.  Улогата на вентилаторите е да го помогне но и да го забрза процесот на сушење на тутунот и на тој начин да допринесе за добар квалитет и да се избегне скапувањето на тутунот во дождливите денови а посебно во есенскиот период. При тоа нема никакви последици по животната средина, “  појаснуваат учениците за иницијативата на оваа идеја, која што е реализирана во селото Сенокос, место од каде потекнува еден од учениците.

Идејата  произлегла од набљудувањето на секојдневните обврски на поголем дел од населението во регионов,  односно од проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите со секоја нова произведена реколта. Дополнително,  целата сушара доколку веќе не  се користи за сушење на тутун со многу малку измени може да се искористи за сушење на разни чаеви,било да се корен, цвет или лист.

Според направените истражувања потребната инвестиција е околу 500 евра, која што се враќа 75% уште во првата година, а доколку се користи и за сушење на билки и чаеви, инвестицијата се враќа комплетно за една реколта.

Целиот проект е објавен на интернет страната на Гимназијата Мирче Ацев на следниот линк 

Би можело да ве интересира

ПРОМОЦИЈА НА ПРОФИЛИТЕ ОД СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО РАМКИТЕ НА „ОТВОРЕН ДЕН“ ВО ПРИЛЕП ЗА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Гордана Цветаноска

(Видео) Бајковити тоалети за децата со посебни потреби во ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Елизабета Филипоска

ГРАФИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП НАЈДОБРИ НА КОНКУРС ОД УЈП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе