29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ООУ “Климент Охридски“ со нов музички спој на младост и искуство во презентација на нова македонска народна песна

Женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, здружението “Преродба” и нивните пријатели и музички соработници, музичката група “Тајфата”, направија маестрален музички спој на младост, искуство и професионалност. И, сето тоа, со помош и организација на наставникот Бојан Митрески и менторот – наставник, Маја Џопа, се преточени во прекрасната изведба на Македонската народна песна “Отвори ми бело Ленче“ која денес на својот ФБ профил ја промовираше директорот на ООУ Климент Охридски, Ахил Јаков.

Песната што ќе ја слушните денес е вистински бисер на музиката. Низ неа, нашите ученици го сполотија својот талент и емоција, создавајќи нешто што допира до самото срце. Секој тон, секоја нота ја пренесува не само музиката туку и душата на учениците. Убавото пеење не се сведува само на совршена изведба, туку на искреното и длабоко поврзување со тие што слушаат. Оваа песна е како мост помеѓу младоста и искуството на музиката и емоцијата во нас. Нешто што не не остава рамнодушни.“ напиша на ФБ профилот директорот на ООУ “Климент Охридски”, Ахил Јаков, горд на своите ученици.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за упис во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп

Во ООУ “Гоце Делчев„ Прилеп регионален Саем за наука во рамки на проектот „Науката и Јас“

(ВИДЕО+ФОТО)Симулациона вежба за пожар во СОУ „Орде Чопела“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе