12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Трибина на тутунарите во Демир Хисар, сеуште нема решенија за проблемите

Вечерва се одржа уште една трибина во организација на новоформираните тутунски здруженија во општина Демир Хисар на тема „Тутунопроизводство,проблеми и решенија“ на која присуствуваа голем број на земјоделци од регионот на оваа општина и соседните. Повторно се искажаа забелешките но и разочарувањето на тутунарите од изминатата реколта на постигнатите цени. Производителите велат дека постигнатата просечна цена е помала од инвестициите кои биле вложени, а тоа е втора година по ред како работат со загуба.

Незадоволството во моментов е насочено кон откупните компании кои периодов бараат да пријават планирани површини под тутун за претстојната реколта, иако никој не ги соопштува цените по класи.  Разочарувањето е од државата која засега не пројавува интерес да ги заштити. Тутунарите велат дека ќе го намалуваат производството, кое и онака изминативе 2 години во континуитет се намалува.

Инаку, деновиве по одржани 4 трибини на истата тема, во Прилеп, Радовиш, Конче и Могила. Од забелешките и барањата на тутунарите произлегоа 3 барања:

– покачување на цените по класи, сразмерно на покачувањата на трошоците, на репроматеријалите, на ѓубривата, односно трошоците за производство, но и сразмерно на покачувањата на трошоците за живот.

– линиеарно субвенционирање на секој произведен, предаден тутун, по сите класи, вклучително и дополнителната класа на цена од 90 денари.

– вклучување на тутунарите, итно, и тоа да важи и за оваа реколта во мерката зелена нафта.

Барањата се поднесени до надлежните институции: Министерството за земјоделство, Премиерот на државата, откупувачите и до Сојузот на земјоделски здруженија.

Би можело да ве интересира

Зажалија само оние кои не присуствуваа! Спектакуларното Show на стилистите од Прилеп уште долго ќе се памети!

Елизабета Филипоска

Прилеп: Продолжува нагорната Ковид линија

Гордана Цветаноска

Прилепчанец превезувал огревно дрво без документација

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе