16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Случај Прилепска болница: Утринава уапсениот, доби кривична пријава за проневера во службата

Управата за финансиска полиција  до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело ”ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА”од член 354 ст.3  в.в. со член 45 од КЗ на РСМ.

Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари.

По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.

Би можело да ве интересира

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Денеска без струја повеќе села и населби во прилепско, манастирот Трескавец, рудникот Сивец…

Прилеп поставува модуларна болница за Ковид-19

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе