11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Даноска претставник на Македонија на Европскиот зимски младински фестивал

Прилепчанката Михаела Даноска (крос кантри/бијатлон), заедно со  Мирко Лазаревски (алпско скијање)  и Јана Куковска (уметничко лизгање) ќе бидат македонски претставници на Европскиот зимски младински олимписки фестивал (ЕЗМОФ) во Вуокати, Финска.

Игрите ќе се одржат во периодот од 20. до 25. март, а од Олимпискиот комитет очекуваат висок спортски резултат од натпреварувачите.

„МОК информира дека по извршената комуникација и координација со Скијачката федерација на Македонија (СФМ), на ЕЗМОФ ВУОКАТИ 2022, кој ќе се одржи во периодот 20-25 Март 2022 година, СФМ ги потврди следните млади спортисти кои ќе учествуват на овие игри:
– Мирко Лазаревски (алпско скијање) – тренер Антонио Ристевски
– Михаела Даноска (Крос кантри/Биатлон) – тренер Ѓоко Динески
На овие игри, на предлог на Федерацијата за лизгачки спортови, за прв пат ќе настапи и најдобрата млада спортистка во уметничко лизгање, а тоа е:
– Јана Куковска (уметничко лизгање) – тренер Даниела Стоева.
Мирко Лазаревски и Михаела Даноска беа Олимписки стипендисти на МОК и добиваа по 1500 американски долари секој месец во изминатите три години и МОК реално од нив очекува висок спортски резултат во Финска.
Јана Куковска, за која МОК обезбеди 4000 американски долари за подготовки е секако голем спортски потенцијал во уметничко лизгање од кој МОК сериозно очекува да го пружи своето најдобро во пресрет на следните зимски Олимписки игри Милано – Кортина 2026“, стои во соопштението на МОК.

Би можело да ве интересира

Конечно триумф на гостински терен за Победа

Никола Димески

Започна турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2017„

Елизабета Филипоска

За секого може да се навива но Победа се сака од срце (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе