16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Oд полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари

Вечерва од полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика вечерва донесе нови цени на горивата со кои тие се намалуваат во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од вчера.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 цената ќе изнесува 83,50 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ 79 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари за литар и ќе биде 75,50 денари, додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денари за килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари. .

 

Би можело да ве интересира

Најдоброто од Турција во Прилеп за врвен квалитет и принос

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Жените земјоделки ќе може да аплицираат за грант од 3 000 евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе