7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Декамерон“ – прва премиера годинава на прилепскиот театар

Во сабота на 19 ти март во 19.30 на нашата матична сцена на НТ Војдан Чернодрински ќе биде премиерно изведена претставата „Декамерон“ според Бокачо, е во режија на Мартин Кочовски. Декамерон како текст, а воопшто и самиот автор Бокачо за прв пат се поставува на сцената на театарот Војдан Чернодрински, со драматургија која ја подготви Лидија Митовска – Ѓорѓиевска. Претставата беше во програмата од минатата година и е поддржана од Министерството за култура.

Режисерот Кочовски истакна дека претставата Декамерон за него лично претставува едно од најважните работи кои ги создал и ги гледал воопшто.

„ Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста . Во оваа претстава се работи за филизофската идеја, сакањето на животот, ценењето и радувањето од животот, додека сме сега и овде, а не некаде и некогаш. И во оваа претстава талентот и посветеноста на екипата и на управата успеа да направи нешто кое за мене е една од најважните работи кои сум ги направил и гледал и заради тоа станува многу биографска, интимна, важна за мене и заради тоа не би сакал да кажам ништо повеќе“, рече Кочовски.

Предизвикот околу драматизацијата на претставата бил огромен ќе потенцира Митовска- Ѓорѓиевска.

„Понудивме едно современо читање на таканаречената „Човечка комедија“ која е нешто поразлична од „Божествената комедија“ ова го нагласувам не случајно бидејќи е човекот во центарот“, истакна драматургот.

Екипата на прилепскиот театар соработува со Кочовски околу 15 години на взаемно задоволство. Во однос на тоа како актерите се „пронајдоа“ во претставата Александар Степанулески  ќе посочи дека со оглед на временскиот период во кој што сите ние опстојуваме „Декамерон“ е актуелна, а екипата е вклучена илјада од сто во новиот проект. Сценографијата е на Филип Јовановски, костимографија Јулијана Војкова-Најман, музиката е на оркестарот на Театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада и вокал и музички соработник Ана Митоска, а во „Декамерон“ играат:

Александар СТЕПАНУЛЕСКИ

Наташа АЧАНСКИ

Здравко СТОЈМИРОВ

Илија ВОЛЧЕСКИ

Димитар ЃОРЃИЕВСКИ

Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА

Ангела НАУМОСКА

Игор ТРПЧЕСКИ

Михајло МИЛЕНКОСКИ

Андон ЈОВАНОСКИ

Александар ТОДЕСКИ

Димитар ЦРЦОРОСКИ

Цветанка ЧАВЛЕСКА

Сара СПИРКОСКА

Леонардо ЛАЗОВ

Би можело да ве интересира

Изложба на дигитални фотографии „Божури“ на Темелкоски

Пела Редакција

Претставата „Бура“ вечерва на репертоар на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Елизабета Филипоска

Новогодишни наградни конкурси за основците

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе