11.9 C
Прилеп
сабота, 9 ноември, 2024
Пела Радио

Одекна гласот на македонските иселеници во Прилеп

Во Прилеп на камената бина синоќа, недела, 10 ти јули со почеток во 20 часот се одржа вториот Македонски иселенички фолк фестивал. На манифестацијата настапија голем број  на македонски изведувачи на народна музика кои живеат во дијаспората, како и популарни естрадни ѕвезди од татковината:  Ордан  Ристески, Славка Младеновска, Перо Христов, Алексо  и Гашо Тришоски, Драган Драгаш, Пеце Даскало, Зоран Ванев, Даниел Кајмакоски и многу други…

На сцената одекна гласот од иселениците, љубовта кон родната грутка, патриотски пораки, а прилепската публика имаше можност да се потсети на препознатливите мелодии кои и денес се хитови. Како гости на фестивалот беа културното уметничко друштво “КУД Гоце Делчев “- Битола кои се претставија со традиционални македонски ора, а спонтано, за време на фестивалот, оро се виеше заедно со изведувачите и публиката.

На вториот Македонски иселенички фолк фестивал присуствуваа и градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Советот на општина Прилеп  Дејан Проданоски. Манифестацијата имаше ревијален карактер, така што организаторот Ордан Ристески на изведувачите им додели благодарници и ЦД со песни од неговиот најнов албум.

Известувач: Христијан Ангелески

Атмосферата од фестивалот погледнете ја од фотографиите во продолжение.

 

Би можело да ве интересира

Два вечери ора и македонски фолклор во Прилеп

Гордана Цветаноска

Изложбата „Интервали“ на Татјана Винона Јонеска пред прилепската пубилка

Пела Редакција

Убавините од ООУ„Кл. Охридски“ ги достигнаа височините (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе