7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Поради примање поткуп приведена е земјоделска инспекторка од Прилеп

Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода Викторија.В.  земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.

Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од надлежното подрачно министерство за земјоделије, не  подетелни инфорамции не упатија до Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп .

Директорот на државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ вели дека очекуваат официјална информација од МВР, по што соодветно ќе реагираат. Доколку се докаже дека наводите се точни ќе покренат постапка за суспензија од работното место за осомничената В.В, инспекторка  за земјоделство во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Санкции за 19 мотоциклисти во Прилеп

Пела Редакција

При судар на два автобуси повредени 20 тина работници во Точила

Гордана Цветаноска

Четворицата осомничени за напад на вработени во прилепската болница добија 30 дневен притвор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе