7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кичевчанец коj престојувал во с.Десово, долненско, претепеан до смрт

Лицата со иницијали  А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени , се осомничени дека извршиле кривично дело нанесување на тешка телесна повреда со оследица смрт казниво по член 131.ст.4 вв ст.1 од КЗ . информираа од СВР Битола

Имено, во саботата (19.03.2022 ) во с.Десово двајцата физички го нападнале лицето со иницијали Р.Л.(48) од Кичево , при што му нанеле тешки телесни повреди,  од кои подоцна Р.Л починал.
Лицето Р.Л.  бил пронајден починат наредниот ден на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.
Смртта со повреди на главата и телото ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. Телото по насоки на јавен Обвинител е предадено на обдукција.

Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп осомничените лица се лишени од слобода и предадени во основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Во пожар во куќа две деца се здобиле со изгореници

Пела Редакција

Приведн прилепчанец кој крадел од угостителски објект

Елизабета Филипоска

Лишен од слобода 20 годишник од Прилеп, пронајдена дрога

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе