7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Реакција: Ниеден протест не бил партиски или за личен интерес, не го поттикнувајте гневот на земјоделците

По одржувањето на денешниот протест на земјоделците, ресорниот министер Николоски се произнесе на националните ТВ со квалификации дека станувало збор за партиски инструиран собир, на што од прилепското тутунско здружение, Жолто тутунско злато, едно од здруженијата организатори на протестот експресно реагираа демантирајќи ги таквите квалификации. Во реакцијата се вели:

„Денеска се одржа протест поради лошата ситуација во тутунопроизвоството и сеопшто во земјоделието. Некои го декларираа протестот како партиски организиран, некои велеа дека тие што организираа биле за личен интерес. Едно да кажам јасно и гласно: досега ни еден протест не бил партиски или за личен интерес, се’ за доброто на тутунарите. Иако ние како организатори последнава недела бевме под целосен притисок да го откажиме протестот, тој се одржа. Добивме информацие од поединци дека и тутунарите биле уценувани, заплашувани на секоја основа дека ако излезат на протест ќе биле избркани од работа, субвенции нема да му се пуштеле. Сакам јавно да прашам дали со закани, уцени ќе ги решите проблемите? Нема да ги решите само ќе го поттикните гневот на земјоделецот.

Сакам да се задржам на изјавата на Министерот на земјоделије Љупчо Николовски, најлесно е да кажите дека сето ова е партиски, кога не сакате да ги слушните маките на земјоделецот, овие сите барања кој произлегоа од трибините и од состанокот на сите земјоделски здруженија беа упатени во писмена форма лично до Министерството и Владата. Одговор нема почитуван Министре тие барање се реални не се за туркање на влада, за оставки на министри, овие барање се во корист на опстанок на земјоделијето и на државата. Под итно да најдите време да седните со сите чинители во даденава лоша ситуација и да му помогните на земјоделецот кога му е најтешко, земјоделецот е темелот на државата без темел држава нема да имаме,“ се вели во реакцијата на Тони Ангелески претседател на тутунско здружението Жолто Тутунско Злато, едно од организаторите на протестот одржан во Прилеп

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на новозаразени во прилепско

Без лажни вести, сите мерки и препораки за корона вирусот на една официјална веб страница

Гордана Цветаноска

Поради пандемијата сметководителите бараат одложување на роковите. Ако нема одговор ќе организираат протест

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе