Тврдо прво полувреме без голови со една вистинска шанса за лидерот во Втората македонска фудбалска лига – Исток , Слога, против Братство на денешната пресметка на стадионот на Могилата. Но затоа пак доминацијата гостите ја имаа во вториот дел. Три гола од кои две на грешка на домашната одбрана а едниот беше постигнат по убаво пласирана топка во долниот десен агол од голот на Имероски.
Слога 1934 успеа да триумфира со високи 0:3 а не изгледаше така се до 52 минута од натпреварот кога Стојанче Стојов искористи топка од корнер и стрелаше за почетно водство.Тоа траеше се до 81 минута кога виничани го зголемија водството на 0:2 преку Андреј Симевски. Конечните 0:3 ги постави Божидар Митревски.Мора да се спомене дека домаќините играа и со играч помалку , кога на непотребен старт од позади Мемет Идризи заработи црвен картон , па затоа и од тој момент се се распадна во конструкцијата на играта на домашниот Братство.
Еве ги и резултатите од денешното коло: Братство – Слога 1934 0:3 , Локомотива – Победа 1:2 ( Бојан Спиркоски 20мин , Даниел Карчески 37 мин ,Дарко Иванов 42мин) , Детонит Јуниор – Кожув – 2:2 ,Саса Каменица – Пехчево 2:2 и Осогово – Беласица 0:5.
Во наредното коло се среќаваат : Пехчево – Детонит Јуниор , Победа – Осогово , Кожув – Братство , Беласица – Саса Каменица и Слога Локомотива.