0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Локалните и регионални медиуми започнуваат штрајк поради лошатa економска состојба! Во одлуката ги поддржува и (МАН) Македонската асоцијација на новинари

Локалните и регионалните медиуми се во многу лоша состојба и неопходни се решенија!Поради тоа регионалните и локалните медиуми од денеска, вторник 26 април, започнуваат со штрајк со прекин на програмата, се вели во дописот од Здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив“, чија одлука, како радиодифузер  и концесионер ја поддржува и Радио Пела.

Започнуваме со првата фаза од денска вторник, 26.04.2022 , со штрајк на локалните и регионалните медиуми.  Штрајкот ќе биде со гаснење на нашите програмски содржини во 19:00 часот до 19:30 часот. Се надеваат дека до 25 овој месец ќе биде прифатено  барање упатено до Владата за ослободување на 50 отсто од плаќање на надоместокот за дозвола за 2022 година која ја плаќаат радиодифузерите кон регулаторното тело.„

Изразувањето на протестот како што се вели во дописот ќе биде во два стадиума од кој првиот е преку прекин на програмите во траење од 30 минути во прајм – тајм термините, секој ден, а доколку барањето остане игнорирано тогаш според најавите по 15 дена од штрајкот ќе се премине на вториот стадиум со прекин на програмата од 1 час секој ден и престанување на следење на активностите на челниците на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

ЛИЦЕНЦИ ЗА РАБОТА и ИЗМЕНА НА чл. 102 ОД

Законот за  аудио-визуелни услуги 

Во оваа намера и Македонската асоцијација на новинари (МАН) му дава целосна поддршка на здружението на електронски медиуми “Медиум Објектив” во одлуката да започнат со штрајк преку прекин на програмата.

На лошата економска состојба во локалните и регионалните медиуми, МАН предупредува со години. Ние уште пред 2020 година предложивме решение преку буџетско субвенционирање на надоместокот за дозвола (лиценца) за работа, како и дефинирање механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102 од Законот за аудио-визуелни услуги.

За ова сме разговарале повеќепати со преставници на претходните влади. Се даваат над 7 милиони евра за НВО од буџетот на РМ, а не се обезбедуваат субвениции за медиумите кои остваруваат дејност од јавен интерес за сите граѓани.

Владата финансира несуштински дејности, наместо да обезбеди законска рамноправност за сите медиуми.

Мора да дефинираат механизми за кампањи од јавен интерес, бидејќи Македонија е единствената земја во Европа која со закон ги забранува.

МАН ќе продолжи да ги поддржува локалните и регионалните медиуми борејќи се за регулирање на нивниот статус и и финансиска независност пред надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден мотоциклист при судар со автомобил

ФК Победа под капата на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Првото новороденче во Прилеп е девојче

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе