1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

При судар на два автобуси повредени 20 тина работници во Точила

Утринава, околу 6 часот во населбата Точила се случил судир на два автобуси.  Повредени се околу 20 патници кои веднаш биле се упатени на лекарски преглед во Градската болница во Прилеп.

„Се прават испитувања во неколку одделенија во болницата.  Според првични информации станува збор за полесни телесни повреди и најверојатно никој нема да биде задржан на понатамошно лекување“, рече за Радио Пела Кети Смилеска, директор на прилепската Болница.

До судирот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.

„Денеска (03.05.2022) околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба Точила, кај црква Св.Петка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два автобуси, превозници на работници од фирми, од кои едниот празен, а другиот бил со патници. Според првичните информации, во несреќата две лица се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, а други патници се здобиле со повреди, но се уште нема потврда за карактер на повреди. Ова се првични неофицијални информации,“ стои во информацијата од СВР Битола.

Прилепското Основно јавно обвинителство и полицијата направиле увид на местото на сообраќајната незгода.

 

Би можело да ве интересира

Прилепчанец со “голф„ удрил во четворица пешаци – сите се здобиле со тешки повреди

Елизабета Филипоска

Приведено едно лице осомничено за опожарување на автомобилите од пратеникот Ристески

Гордана Цветаноска

Сообраќајна незгода – повреден 16 годишнак кој управувал мопед

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе