22.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепчанец управувал возило без возачка дозвола и направил сообраќајка со полициско возило  

 Од слобода е лишен прилепчанец кој управувал возило без возачка дозвола, па бил дел и од  сообраќајна незгода со полициско возило, во која била причинетаи материјална штета.

Настанот се случил,  вчера, 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, кога полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп.

Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски“ со ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, тој управувувајќи возилото „опел“, со прилепски регистарски ознаки,  учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „пежо“, управувано од В.И.(31) од прилепско, во која била причинета материјална штета.

По преземени мерки е констатирано дека Е.Ш. го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Потрагата по 14 годишната Вања сеуште трае!

Фатено лице за кое е распишана потерница

Уапсени двајца дрвокрадци во долненско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе