11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пазарџиите револтирани на „дивите„ продавачи бараат локалната власт да го реши проблемот или нема да плаќаат даноци и закуп

Пазарџиите од прилепскиот пазар бараат ред во пазарот. До нашата редакциија пристигнаа и нивните барања упатени до првиот човек на градот, Борче Јовчески, во кое граѓанско здружение „ПАЗАРИ” бара  локалната власта, да помогне во спречувањето на нелојалната конкуренција и  „дивите„ продавачи кои ниту плаќаат закупнина ,ниту данок кон државата .Во спортивно,како што велат тие,  својот револт ќе го изразат со протести и граѓанска непослушност.

Во барањето се вели:

„Ние сме продавачи, а воедно и закупци на тезги во таканаречениот „зелен“ дел од пазарот. Имаме потпишано договори за закуп, кои гарантираат продажба на земјоделски производи преку целата година. Бидејќи се соочуваме со проблеми во нашето работење, се обраќаме со неколку барања до вас, со надеж дека ќе се заложите за нивно брзо решавање.

Нашите барања ги сведовме во три точки:

1. Согласно законските прописи, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број).

2. Доследно почитување од страна на раководството на ЈКП „Пазари“ на сите точки од договорите кои ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“.

3. Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп, а  имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.

Доколку овие наши барања не се исполнат, ние како граѓанско здружение „ПАЗАРИ” ќе бидеме принудени да преземиме радикални мерки и нашите права да ги бараме преку протести и организирана граѓанска непослушност од страна на сите пазарџии.- се вели во барањето до градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески .

Сега на потег е градоначалникот!

 

Би можело да ве интересира

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

 ВНИМАНИЕ: Утре пороен дожд, грмежи и силен ветер

Пела Редакција

Иновацијата “Бионичка рака“ на младинскиот македонски тим е глобален победник

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе