7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Битолчани учат како функционира регионалниот систем за управување со отпад

На покана на Министерството за животна средина и просторно планирање  претставници од општините Новаци и Битола, жители и советници, зедоа учество во студиската посета на санитарната депонија EPADYM S.A., Еордеа, Грција во близина на Птолемаида и Кожани. Целта на посетата е да се запознаат граѓаните на општините со функционирањето на еден ефикасен систем за регионално управување со отпад, како и да им се даде можност за разговор на оваа тема со експерти од областа на менаџирањето со отпадот и рециклажа.

Преку учество на вакви слични студиски посети ќе се овозможи зголемување на знаењето и разбирањето за важноста од постоење на сеопфатен и ефикасен регионален систем за управување со отпад. Регионалниот систем за управување со отпад е важен дел од политиките и целите за заштита на животната средина и еден од главните критериуми на ЕУ агендата во земјата чија реализација е невозможна без широка поддршка од граѓаните.

Посетата на депонијата е реализирана во рамките на проектот „ Одржливо управување со отпадот на локално ниво “ финансиран од Шведската агенција за развој SIDA а спроведен од Шведската асоцијација на општини и региони SALAR.

Би можело да ве интересира

Комарци ги „изедоа„ жителите од с.Дебреште кои алармираат за помош

Пела Редакција

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Една година од услугата „Помош и нега во домот“ во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе