11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

На Могилата во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, организира Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп

По повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска, во доцните попладневни часови, во амфитеатарот на Могилата на непобените, Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп организираше пригодно чествување во чест на сесловените просветители.  На културно-просветната програма  кој носеше наслов „Денот на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј„ беа присутни претставници од Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, како и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Дејан Проданоски.

За ликот и делото и мисионерската дејност на светите браќа Кирил и Методиј, создадателите на словенскато писмо и азбука, пред присутните говореше професорката по македонски јазик и поетеса Цеце Видова Трајкоска,  која го истакна значењето на сесловенските просветители во креирањето на словенската писменост и нивната улога во  ширење на христијанското учење среде словенските народи и нивното описменување и проф.Жанета Видеска, која го нагласи значењето  на светите браќа Кирил и Методиј, за македонскиот јазик, писменоста, македонскиот идентитет. Од  чествувањето беше испратена и порака да се чуваат и негуваат македонскиот јазик и писмо.

 

Би можело да ве интересира

Љубителите на авантуризмот викендов можат да уживаат во Крушево

Елизабета Филипоска

Понесете си чадор и денес – во Прилеп наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен

Пела Редакција

Кај Оревоец: Багерите мируваат – Блокадите продолжуваат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе