21.5 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Фудбалскиот судија Зоран Костоски – Жере достојно и успешно ја заврши судиската кариера (ВИДЕО + ФОТО )

Емотивно но повторно со голема концетрација на теренот , прилепскиот фудбалски судија Зоран Костоски – Жере , ја заврши својата судиска кариера на дуелот помеѓу Гарван од Десово и Канатларци. Зоки долги години ја делеше судиската правда ширум стадионите низ земјава , дали во младинска конкуренција , дали во општинска лига , трета или втора и прва македонска фудбалска лига. И на последниот дуел , Костоски вели дека треба концетрација од почеток до крај без разлика дали е прв или последен натпревар за судење.

Пред почетокот на последниот натпревар во кој Костоски ја имаше задачата да ја дели правдата , неговите колеги и соработници го изненадија со многу подароци како знак на голема благодарност што заедно со нив , долги години беа на терените и донесуваа многу важни  судиски одлуки.

И тимот на Радио Пела , во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , на Костоски му посака многу успеси во понатамошните негови активности во фудбалот.Во продолжение погледнете го во целост разговорот со Жере.

 

Би можело да ве интересира

Невена е голем адут на бк Ас во македонскиот женски бокс

Никола Димески

Победа ангажираше тројца нови фудбалери

Никола Димески

Цвајта: Кога прилепчанец навива на дербито во Втората германска лига ( ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе