11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

БЕЗБОЛЕН ПОРАЗ НА ПРИЛЕП!

Во последното, 10. коло од плеј-аутот на ракометната машка Супер лига, екипата на Прилеп загуби со 25:23 во Радовиш. Поразот е безболен затоа што прилепскиот тим одамна го обезбеди опстанокот, а пред една недела и 2. место на табелата. Така, Прилеп и трета сезона во серија ќе биде суперлигаш. Убав успех во спортот, кој во Прилеп се сака многу. Мечот во Радовиш беше последен за тренерот Горан Кузманоски – Таста, кој по две успешни години одлучи да го напушти клубот Прилеп.

Инаку и Радовиш останува во Супер лигата, а Скопје ќе игра бараж-меч.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Утре слободен ден за екипите на светиниколскиот турнир

Елизабета Филипоска

Ракометно дерби во плеј аут лигата – прилепчани на мегдан со Еурофарм Пелистер 2 (ФОТО)

Никола Димески

ИГРАЧОТ НА ПРИЛЕП, ГУКЕШ, НАЈДОБАР МЕЃУ 277 ШАХИСТИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе